Американскиот „телефонист“ загуби од сонародникот Корда во четвртфиналето во Шангај

Американскиот тенисер Себастијан Корда е вториот полуфиналист на АТП мастерс 1000 турнирот кој се игра во кинескиот Шангај.

Тој во второто четвртфинале славеше над својот сонародник Бен Шелтон (кој е познат по затворање на телефонска слушалка по победа) по пресврт со 2-1, по сетови 6-7, 6-2 и 7-6.

Во полуфиналето Корда за противник ќе го има Хуберт Хуркач кој во првото четвртфинале утрово беше подобар од Унгарецот, Фабијан Марошан.

Се вчитува...