Фуриозен почеток на Мундијалот имаше еден од домаќините, селекцијата на САД. На импресивен начин Амеирканците успеаја да го испратат Парагвај со четири гола (4-1), и ги освоија првите три бода на Светското првенство.
САД тргнаа офанзивно уште од самиот старт, а веќе во седмата минута поведоа со автоголот на Бобадила. Во продолжението од првиот дел се истакна Фоларин Балогун кој беше нерешлива енигма за одбраната на Парагвај.
Најпрво еден гол му беше поништен поради офсајд, а потоа на асистенција на Кристијан Пулишиќ, стрела во мрежата на Парагвајците за 2-0, а потоа во судиското надополнување донесе 3-0 на полувремето.
Американците го контролираа мечот и во второто полувреме. Парагвај во 73. минута успеа да го намали резултатот преку Мауруцио и на кратко да внесе неизвесност во натпреварот. Сите дилеми беа решени кога Џовани Рејна во осмата минута од судиското надополнување со одличен погодок ги постави конечните 4-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
