„Американците не не разбираат нас Балканците – Кукоч во време на војна мораше да игра во НБА“

Никако да спласнат реакциите од документарниот филм посветен на легендарната генерација на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан. Петта епизода ни ја донесе вистинската приказна за Тони Кукоч кој на почетокот воопшто не бил прифатен од првите две ѕвезди на тимот, Џордан и Пипен.

Кошаркарот на Портланд Треилблејзерс, Јусуф Нуркиќ застана во одбрана на Кукоч велејќи дека многу им е тешко на Американците да ги сфатат Балканците.

„Кажете што сакате, но Тони беше голем. Луѓето не разбираат колку било тешко во тоа време на војна на Балканот ти да играш во НБА, далеку од дома. Проблем е исто така што и Американците не не разбираат нас Балканците. Кукоч е голема легенда“, изјави Нуркиќ. 

Јусуф Нуркиќ на крајот на минатата сезона заработи тешка повреда поради која во новата сезоната беше надвор од терените.

Се вчитува...