Американците одиграа лошо полувреме, но не дозволија изненадување со Јужен Судан

Кошаркарите на САД триумфираа против селекцијата на Јужен Судан со 101-100, и покрај лошо одиграното прво полувреме во кое имаа негатива од 14 поени (44-58).

Одлично одиграа Суданците во првиот дел целосно доминирајќи против фаворитот.

Но моќните Американци не дозволија изненадување, па со далеку поквалитетно второ полувреме дојдоа до победа од 101-100, главно преку одлично одиграната трета четвртина во која ја анулираа предноста на противникот.

Леброн Џејмс беше најдобар кај САД со 23 поени и шест скока, а Ентони Дејвис и Кер запишаа по 15 поени. Карлик Џоунс беше најдобар кај Јужен Судан со трипл-дабл од 15 поени, 11 асистенции и 10 скока.

Се вчитува...