Американците освоија над 100 медали, сега се на две злата зад Кина (ФОТО)

Олимпијците на Америка надминаа 100 медали на овие Летни Олимписки Игри, па сега се наоѓаат на само две злата зад првопласираната Кина на листата на земји од одличја во Токио после претпоследниот ден на најголемиот спортски настан на светот.

Кина во моментот има 38 злата, но спортистите од САД веќе стигнаа до 108 медали од кои 36 златни, 39 сребрени и 33 бронзени, додека најмногубројната земја на светот, покрај 38-те злата има 31 сребро и 18 бронзи.

Домаќинот Јапонија е трета и веќе извесно дека таму ќе остане како трета најдобра на светот, со 27 злата, 12 сребра и 17 бронзи досега, или вкупно 56 медали. Русија е четврта со 69 медали од кои 20 злата, колку што има и велика Британија, но со вкупно 63 одличја.

Австралија со 17 злата е шеста на листата, а само уште Германија, Холандија и Италија имаат двоцифрен број најсјани одличја – по 10.

Се вчитува...