Американците се држат до планот на подготовки за ЛОИ

Иако постои можност Летните олимписки игри во Токио да бидат одложени поради пандемијата од коронавирусот, кошаркарската репрезентација на САД не го менува планот за подготовки. И покрај пандемијата Меѓународниот олимписки комитет е фокусиран на одржување на игрите во предвидениот термин.

„Поп и јас зборувавме неколку пати во текот на последните седмици. Се е и понатаму во воздухот. Нема наговестувања дека ќе бидат одложени игрите. Сите чекаме и се прашуваме што ќе се случи исто како и останатиот дел од светот. Ние ќе планираме како игрите да ќе се одржат во предвидениот термин. Ќе го направиме ростерот, тоа е се што е во наша сила“, изјави помошниот тренер на репрезентацијата на САД, Стив Кер.

САД во Токио ќе го брани златниот медал освоен на игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Се вчитува...