Американците се мобилизираат – Ленард во новиот „дрим-тим“

Сеуште не е јасно кои кошаркари ќе ги бранат боите на САД на Олимписките игри во Токио, но јасно е дека по неуспехот на Мундијалот во Кина кога велесилата го освои само седмото место, Американците во Јапонија ќе патуваат со нов дрим тим.

Најголемиот проблем со кој се соочува селекторот Грег Попович е распоредот на натпреварите во НБА лигата кои предвидуваат крај на финалето на 22. јули, а Игрите започнуваат ден подоцна. Сепак последните информации за искусниот стратег се позитивни бидејќи еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Каваи Ленард го најави својот камбек во репрезентативниот дрес.

„Во овој момент планот ми е да играм за националниот тим без обзир на резултатот кој го осворам во плеј-офот. Сакам да бидам помеѓу дванаесетте кои ќе патуваат за Токио“ – изјави асот на Лос Анџелес Клиперс.

 

Се вчитува...