Американците не веруваа во квалитетите на Никола Јокиќ за да ја освои третата последователна награда за најкорисен играч на регуларниот дел во НБА лигата, но брзо го сменија своето мислење откако Србинот со трипл-дабл просек од 34.5 поени, 13.2 скокови и 10.3 асистенции го предводеше Денвер до победа од 4-2 во серијата против Феникс за место во конференциското финале.
Јокиќ не се најде ниту во иделната петорка на сезоната, а сега медиумите пишуваат за Србинот во суперлатив. Новинарот на „The Athletic“, Ник Космидер посвети и колумна за Србинот насловена „Вистинската величина на Никола Јокиќ е во неговата способност постојано да поставува нова граница“.
Во неа вели дека центарот на Денвер заслужува кошаркарски докторат.
„Јокиќ оддамна заслужи кошаркарски докторат. Без обзир на тоа колку Јокиќ беше добар во минатото, неговата магија лежи во способноста константно да ја поместува границата скалило погоре. Со него Денвер е изразит фаворит за освојување на шампионскиот прстен“, стои во дел од комумната на Косминдер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА