Амир Билали го засили Шкупи, Малиќи замина во Кукс

Шкупи го претстави и второто засилување за летниот преоден рок. По ангажманот на Муарем Муарем, тимот од Чаир се засили и со централниот дефанзивец Амир Билали кој доаѓа од редовите на албанскиот прволигаш Теута.

24-годишниот Билали минатата сезона настапуваше и за Работнички, а претходно во својата кариера има настапи и за словенечки Целје.

Тимот на Шкупи, пак, го напушта Едис Малиќи кој за првпат во својата кариера заминува во странство. 23-годишниот Малиќи потпиша договор за трансфер во редовите на албанскиот прволигаш Кукс.

Претходно во својата кариера Малиќи има настапувано и за Македонија ЃП и за Работнички на домашната сцена.

Се вчитува...