Англиските медиуми објавија детали за договорите на тренерите во Премиерлигата. Кога станува збор за најплатениот нема изненадување – тоа е Пеп Гвардиола, шпанскиот стручњак на Манчестер Сити кој по заминувањето на Клоп од Ливерпул застана на местото број еден со вртоглава заработка од 20 милиони фунти по сезона.
На второто место е Микел Артета, уште еден Шпанец кој засега не ги оправдува 10-те милиони фунти по сезона со оглед на освоените трофеи во последните години.
Третото место му припаѓа на Томас Франк, новиот стратег на Тотенхем кој заработува плата од 8 милиони фунти по сезона. По него следат: Емери (8 милиони фунти), Слот (6.6 милиони фунти), Аморим (6.5 милиони фунти), Хау (6 милиони фунти), Мојс (5 милиони фунти), Мареска (4.5 милиони фунти), Еспирито-Санто (4.5 милиони фунти), Силва (4 милиони фунти), Гласнер (4 милиони фунти), Дајч (3.9 милиони фунти), Хурзелер (2.5 милиони фунти), Ле Брис (2 милиони фунти), Фарке (2 милиони фунти), Паркер (1.6 милиони фунти), Едвардс (1.5 милиони фунти), Ираола (1.5 милиони фунти) и Едвардс (1.3 милиони фунти).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

