Новиот тренер на Милан, Рубен Аморим, јасно истакна дека го гледа Лука Модриќ како столб на својот тим. Португалецот изјави дека, доколку е потребно, лично ќе разговара со него за да го задржи.
„Модриќ е играч што сакаме да го задржиме. Веќе разговарав со него двапати, а ако треба, лично ќе се ангажирам околу тоа. За нас, тој претставува важна алка и сакаме да биде дел од тимот и следната сезона“, рече Аморим.
Договорот на Модриќ со Милан истекува на 30 јуни, а тој сега преговара со раководството на клубот за нов договор. Играчот од средниот ред наскоро ќе наполни 40 години, па се очекува тој да биде продолжената рака на новиот тренер на теренот. Модриќ моментално е на одмор по елиминацијата од Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
