Аморим „дебело“ ќе си го наплати отказот од Манчестер Јунајтед

Бурно е денеска во Манчестер Јунајтед. Екипата од „Олд Трафорд“ се одлучи да му врачи отказ на Португалецот, по неговите коментари по мечот со Лидс кога кажа „дека е менаџер, а не тренер“ на тимот, и го нападна раководството. 

Оваа одлука дојде само 14 месеци откако Манчестер плати 15 милиони евра отштета на Спортинг за да го донесе Аморим на клупата. Португалецот потпиша договор до 2027 година, со можност за продолжување на уште една. Договорот не содржеше клаузула за намалување на отштетата, а Манчестер Јунајтед мораше да го отплати неговиот договор во целост. 

Па од тука е јасно дека Аморим ќе заработи добро од отказот, односно нешто повеќе од 10 милиони евра без никаде да работи до 2027 година.

Аморим донесе со себе пет тренери од Спортинг и сите тие ќе платат добро за нивното евентуално заминување од Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...