Катастрофалните изданија на Манчестер Јунајтед оваа сезона сериозно се одразуваат и врз плановите за претстојниот преоден рок, откако главната желба на тренерот Рубен Аморим веќе јасно стави до знаење дека нема намера да се пресели на „Олд Трафорд“.
Станува збор за Виктор Гјокереш, извонредниот голгетер на Спортинг Лисабон кој имаше беспрекорна соработка со Аморим во овој клуб додека тренерот не реши да се пресели во Манчестер. Медиумите најавуваа дека е начелно договорено Швеѓанецот на крајот од сезонава за сума од 65 милиони евра да му се приклучи на Аморим во Премиер-лигата, но ситуацијата целосно се промени во последните три месеци.
Имено, катастрофалните резултати на Јунајтед го оддалечија овој клуб од европските купови за следната сезона, а Гјокереш е цврст на ставот – неговиот нов клуб во случај на заминување од Спортинг ќе мора да игра во Лигата на Шампионите. Според португалскиот весник „А Бола“, Швеѓанецот е заинтересиран за преселба во Премиер-лигата, но предност во преговорите им дава на Арсенал и на Ливерпул, јасно порачувајќи дека преселба во Јунајтед повеќе не е опција за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА