Аморим добива 100 милиони евра за нови играчи за следната сезона

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе му даде можност на Рубен Аморим да ги развие своите идеи во клубот, иако „Црвените ѓаволи“ имаа катастрофална сезона. По вчерашниот пораз од Тотенхем во финалето на Лигата на Европа, тимот нема да учествува на европските турнири следната сезона.

Аморим ќе добие шанса го формира тимот за следната сезона, односно да ја направи летната селекција. Португалецот ќе добие околу 100 милиони фунти за нови играчи, а дополнителните трансфери ќе зависат од продажбата. Во оваа фаза, главни цели се Матеус Куња од Вулверхемптон и Лиам Делап од Ипсвич. Цената на напаѓачот изнесува 30 милиони, но интерес за него има и од Њукасл и Челси.

Манчестер Јунајтед се надева дека ќе се раздели со голем број играчи. Џејдон Санчо, Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд речиси сигурно ќе си заминат. Клубот е исто така спремен да ги разгледа понудите за Алехандро Гарначо и Расмус Хојлунд. По вчерашниот пораз, дури и Бруно Фернандес изјави дека е подготвен да си замине доколку клубот одлучи дека тоа ќе биде добро за финансиската состојба на клубот.

Се вчитува...