Лука Модриќ е целосно фокусиран на наредните натпревари за Хрватска во обид да ја одведе својата селекција што подалеку на овој светски шампионат.
Неговиот договор со Милан истекува на 30 јуни и сигурно нема да биде продолжен до крајот на месецов, но „росонерите“ не се откажуваат од намерата да го убедат ветеранот да остане уште една сезона на „Сан Сиро“. Модриќ беше исклучително близок со Масимилијано Алегри, но новиот тренер Аморим не крие дека сака да го задржи хрватскиот ветеран за лидер на тимот за наредната сезона.
Португалецот сепак ќе има само една шанса да го убеди Модриќ да потпише нов договор, и тоа на состанок „лице в лице“ што е закажанз за 6 јули. Доколку успее, Лука веднаш по крајот на настапот на Хрватска на СП ќе потпише нов договор со „росонерите“, но доколку тоа не се случи, огромни се шансите Хрватот да објави крај на кариерата и да се врати назад во Реал Мадрид, како дел од управата на „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
