Манчестер Јунајтед во последно време е активен во речиси сите преодни рока, и зема многу играчи со цел тимот да ја врати старата слава, и да се врати на шампионските патеки. Но, досега тешко му оди, имаше неколку промашувања, а се очекува играчкиот кадар да се промени и во следниот период.
Токму за трансфер политиката зборуваше и тренерот Рубен Аморим, кој кажа дека Манчестер Јунајтед има свој план и дека ќе се држи по него. Португалскиот тренер не е загрижен и доколку клубот не потпише играч во зимскиот преоден рок.
„Во моментов имаме проблеми околу играчкиот кадар, но имаме план и се држиме до него. Доколку имаме можност да потпишеме играч кој ќе биде иднината за клубот, тоа ќе се случи. Доколку не, тогаш имаме доста млади играчи, ги имаме Џек Флечер, Шеј Лејси, за три недели ќе ги имаме и Дијало, Мазрауи, Мбемо, Фернандеш и Маино кога ќе се вратат“, рече Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

