Аморим: Кога ќе ми се опорават сите фудбалери…

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, е разочаран по неуспехот на неговиот тим, уште еден по ред, но е оптимист за деновите што претстојат. Синоќа, Јунајтед одигра 1-1 со Вулверхемптон дома, тим кој загуби 11 последователни натпревари пред да дојде на „Олд трафорд“.

Но, Аморим не е загрижен, тој верува дека продолжението на сезоната ќе донесе само подобрување.

„Навистина сум самоуверен. Сè што ни треба е нашите играчи да се опорават. Не знам што ќе се случи до крајот на сезоната, само кога ќе стигнеме до крајот ќе ја повлечеме линијата. Но, навистина сум уверен дека ќе ги опоравиме сите играчи и ќе бидеме силен тим. Немам сомнение во мојата глава дека ќе биде така“, изјави Аморим. 

Се вчитува...