Аморим конечно попушти – Јунајтед во следниот период со нова формација

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека промената на формацијата под притисок на медиумите би била „крај“ за него.

За прв пат против Њукасл, Аморим го напушти системот со тројца дефанзивци и два бека, одлучувајќи се за класична четворка во одбраната и двајца дефанзивни играчи од средниот ред.

На крајот од натпреварот, тој распоред се претвори во изразито дефанзивна поставеност, но Јунајтед ја зачува победата и го регистрираше само вториот натпревар во сезоната без примен гол.

Иако претходно тврдеше дека „дури ни Папата не би го натерал“ да го промени системот, Аморим нагласува дека можноста за играње во различни формации отсекогаш била дел од неговиот план. Сепак, тој можеше да ја воведе промената само кога тимот почна да игра доволно добро, за да не изгледа дека попушта под надворешен притисок.

„Кога медиумите постојано зборуваат за промена на системот, не можам да го сменам, бидејќи играчите би помислиле дека го правам тоа за нив – и тоа е крај за тренерот“, рече Аморим.

Се вчитува...