Рубен Аморим го прифати предизвикот да биде предводник на Милан во наредните две сезони, но португалскиот стратег летово го очекува многу работа, околу формирање на тимот со кој би атакувал на највисок пласман во Серија А.
Еден од главните проблеми на Милан ланската сезона беше неефикасноста, а Аморим го избра фудбалерот што сака да го види на „Сан Сиро“ како предводник на нападот на „новиот Милан“. Станува збор за неговиот сонародник Гонзало Рамош, португалскиот голгетер од редовите на ПСЖ кој веќе најави дека сака да замине во клуб каде би имал поголема минутажа, а „росонерите“ го искористија тоа за да го доведат на „Сан Сиро“.
Последниите информации говорат дека е постигнат целосен договор, а вкупната вредност на трансферот ќе изнесува над 50 милиони евра, со што Рамош ќе стане најскапо засилување во клупската историја, уривајќи го досегашниот рекорд на Рафаел Леао.
На 25-годишниот голгетер му е понудена плата од 4,5 милиони евра по сезона, сума слична на онаа што ја зема во моментов во ПСЖ, но Аморим во директни разговори му гарантирал и првотимски статус на Рамош, нешто што е исклучително значајно за фудбалерот кој во последните две сезони стана првак на Европа, но мина огромен дел од времето на клупата за резерви на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
