Алехандро Гарначо летово ќе си замине од Манчестер Јунајтед по конфликтот што го имаше со Рубен Аморим и изјавата по финалето од Лигата на Европа во која Аргентинецот отворено се жалеше на премалата минутажа што ја доби на дуелтот со Тотенхем.
Аморим е познат како стратег што не трпи недисциплина, ова на своја кожа неодамна го почувствува и Маркус Рашфорд, а Гарначо е следниот од листата на играчи кои поради конфликт со тренерот ќе си заминат од „Олд Трафорд“.
Аргентинецот веднаш по поразот од Тотенхем заминал на летен одмор, но неговиот агент бил повикан за да му биде соопштено дека за Гарначо веќе нема иднина во Манчестер Јунајтед и најдобро за сите ќе биде ако тој летово си замине од овој клуб. Наполи и Атлетико Мадрид во јануари покажаа сериозен интерес за одличниот крилен офанзивец, тогаш овие клубови не успеаја да најдат заеднички јазик со „црвените ѓаволи“, но за очекување е англискиот клуб овојпат да ја намали сумата и истата да изнесува околу 50 милиони евра (зимава сумата пто Јунајтед ја бараше беше 70 милиони евра).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА