Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нагласи дека неговиот тим мора да го потврди напредокот во претстојното дерби со Ливерпул.
Португалецот се осврна на нерешениот резултат 2-2 со Ливерпул во јануари, кој, според него, беше пресвртница во сезоната и доказ дека Јунајтед има потенцијал да се натпреварува со најдобрите.
„Се сеќавам дека тогаш одигравме многу добар натпревар. Бев разочаран по натпреварот бидејќи покажавме дека можеме да се справиме со секој ривал. Знам колку тој натпревар значи за навивачите и колку е посебен за клубот. Но, сега мора да го повториме и да докажеме дека сме напредувале“, рече Аморим.
Натпреварот е закажан за утре со почеток во 17.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

