Манчестер јунајтед претрпе болен пораз на гостувањето против Астон Вила, меч на кој „црвените ѓаволи“ згора на тоа останаа и без помошта на капитенот Бруно Фернандеш.
Португалецот заработи незгодна повреда во првото полувреме и мораше да биде заменет на паузата, а Рубен Аморим по мечот обелодени дека проблемот воопшто не е наивен.
„Бруно се пожали на повреда, очиледно станува збор за проблем со мекото ткиво. Како што се чини во моментов, ќе треба да мине време за тој да се врати на терените. Ситуацијата е тешка, имаме многу отустни, но ќе мораме да се снаоѓаме“, истакна Аморим.
Манчестер Јунајтед во следните три кола од Премиер-лиата се среќава со екипите на Њукасл, Вулверхемптон и Лидс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

