АМС: Мутибариќ ќе добие и спортска пензија!

Легендата на македонскиот фудбал, славниот вардаров голман Драган Мутибариќ ќе добие еднократна помош од Агенцијата за млади и спорт, по тешката здравствена ситуација во која се најде по мозочниот излив пред две недели.

Ова денеска го најави директорот на АМС, Наумче Мојсоски по средбата со Мутибариќ, притоа информирајќи дека ќе се стартува процедурата за стекнување на легендарниот голман со спортска пензија.

„Спортскиот великан, Драган Мутибариќ заслужил и ќе ја добие поддршката којашто му следува! Денеска остварив средба со Мутибариќ на којашто го информирав дека ќе му биде исплатена еднократната помош преку АМС, но и дека Мутибариќ ќе влезе во системот со цел да се обезбеди трајнo решение за континуирана финансиска поддршка. Не е пријатно, но пред се не е фер, не е хумано да слушне една ваква вест за наша спортска легенда. Токму затоа се заложив за стекнување спортска пензија! Укажав на важноста од една ваква пензија, го свртев вниманието кон спортистите и успеавме! Денес конечно тоа горливо прашање е решено и наскоро ќе следува пензија за спортистите! Ова се луѓето кои својот живот буквално го посветиле на спортот! Тоа се нашите најголеми и најдобри амбасадори и никако не смеат да бидат заборавени!“ – истакна Мојсоски.

Се вчитува...