Лазаров за Червар: Враќањето на Лино е добро за ракометот

Лино Червар ги скрати пензионерските денови за да се врати назад во мак-ракометот, прифаќајќи ја понудата да застане на кормилото на Е. Пелистер од следната сезона.

Селекторот Кире Лазаров секогаш говорел за најголеми комплименти за Червар, па нашиот најдобар ракометар на сите времиња имаше свој коментар и за камбекот на Лино.

„Доаѓањето на Лино Червар е добро за македонскиот ракомет. Одличен избор. Таму ќе се работи квалитетно. Червар е мој учител, сè уште сме во комуникација, му честитав. Ако сега има квалитет, мислам дека со неговото доаѓање дополнително ќе го подигнеме нивото во спортот, а со тоа и во ракометот. „Како што тој е одличен, така ние покрај него ќе мораме да бидеме уште подобри. Мене ќе ми биде потешко против него. Тој е поискусен, подобар, освојувал многу. Ние учевме од него и сега ќе треба да се бориме спортски и се надеваме дека еден ден ученикот ќе биде подобар од учителот“, изјави Кире Лазаров за ТВ Телма.

Се вчитува...