АМС објави кои 250 клубови од земјава ќе добијат средства од буџетот за 2018

Агенцијата за млади и спорт денеска ги објави имињата на 250 клубови од земја кои ќе добијат финансиски средства од буџетот на државната агенција предвиден за 2018 година.

Финансиска помош ќе бидат младинските екипи на клубовите во 11 различни спорт…

„Оваа мерка има за цел да им помогне и да ги поддржи клубовите во сите нивни активности во следната година. Ова е и импулс повеќе за да клубовите продолжат со инвестиции во младинските категории. Мора да мислиме што повеќе за нашата иднина“ – истакна директорот на АМС, Дарко Каевски.

АМС, со одлука на Владата на РМ, се одлучи да подели вкупно 22,5 милиони денари, во најголем дел за фудбалски, кошаркарски и ракометни клубови, но и за Федерацијата на училишен спорт.

Комплетната листа на средства издвоени за младинските екипи може да ја погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...