Ана Ивановиќ: Доста шетав низ светот, сега сакам три деца

Ана Ивановиќ не го крие задоволството од семејниот живот со Бастијан Швајнштајгер, кој целосно ги промени приоритети на некогаш најдобрата светска тенисерка. Швајни потпиша за Чикаго фајр, по што двојката се пресели во САД, а Ивановиќ е пресреќна што по долгото шетање низ светот конечно се смести на едно место со човекот од нејзините соништа.

Доста ми беше скитање низ светот. Никогаш во животот сум немала нешто што можам да го наречам свој дом, сега таа желба ми се исполни. Следна желба ми е проширување на семејството, тоа е да имам барем три деца. Тоа е најмалку што можам да посакам“ – изјави Ивановиќ.

Ритамот на тренинзи во МЛС-лигата е далеку полесен од оној во Англија, па јасно е дека Швајнштајгер ќе може целосно да се посвети на исполнување на желбите на својата сопруга.

ana ivanovic cikago

Се вчитува...