Една од најталентираните македонски кошаркарки, Ања Начевска, ја продолжува својата кариера во Соединетите Американски Држави, каде што ќе настапува во престижната женска НЦАА лига за тимот на Универзитетот Хемптон.
Начевска, која важи за огромен потенцијал на нашата кошарка, ги помина младинските категории во Вардар, каде што брзо стигна и до сениорскиот тим. Минатата сезона ја помина во српскиот клуб Мега Баскет, каде што дополнително го разви својот раскошен талент. Преселбата „преку океанот“ за неа претставува нов, голем предизвик и шанса за целосна афирмација на силната американска универзитетска сцена.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
