Ана Вјахирева МВП на ЕП, избран и „дрим-тимот“ на шампионатот

Руската ракометарка Ана Вјахирева е избрана за МВП играч на Европското првенство што се одржува во Франција. Во пресрет на борбата за медалите, традиционално се избираат најдобрите, а Русинката Вјахирева имаше најзабележителни настапи предводејќи ја „зборнаја“ до големото финале, каде ќе ги одмери силите со домашната селекција на Франција.

Избран е и „дрим – тимот“ на шампионатот. На голот е поранешната голманка на ЖРК Вардар, француската репрезентативка Амандин Лејно, на левата крилна позиција се најде Мајда Мехмедовиќ (Црна Гора), а лев бек лауреат е Унгарката Ноеми Хафра. Најдобар среден бек е Стине Офтедал (Норвешка), на десната бековска позиција е избрана Алисија Штоле (Германија), а на десно крило е распоредена Кармен Мартин (Шпанија). На пивотменската позиција е Крина – Елена Пинтеа (Романија).

За најдобар дефанзивец на ЕП е прогласена Кели Дулфер (Холандија).

Се вчитува...