Европскиот шампион Анадолу Ефес, го совлада Реал Мадрид минимално со 90-89 во денешниот единствен натпревар во кошаркарската Евролига. Турскиот тим имаше огромна предност пред „кралевите“, меѓутоа на крајот Реал се закануваше да ја стигне разликата, но не успеа да го избегне поразот.
„Кралевите“ имаа водство во поголемиот дел од првиот дел, но во финишот ја испуштија и Ефес замина со предност од три разлика.
Одличната трета четвртина за Анадолу донесе предност и од 17 разлика на крајот (77-60), меѓутоа преголемата опуштеност во финишот, можеше скапо да ги чини момците на Атаман. Во еден миг Реал дојде и до предност (83-84), но на крајот Анадолу имаше посилни нерви, стигна до +6 со одлична серија, која беше недостижна за Реал кој само успеа да намали и да дојде до „тесен“ пораз. Ларкин со 18 поени беше најефикасен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА