Анадолу Ефес ја доби „мега-пресметката“ против ЦСКА Москва

Актуелниот европски кошаркарски шампион, Анадолу Ефес славеше по продолженија на гостувањето кај ЦСКА Москва во евролигашката мега пресметка со 97-99. По регуларните 40 минути натпреварот заврши без победник 86-86, откако Василије Мициќ успеа да погоди на 0.8 секунди до крајот.

Во продолженијата гостите од Истанбул беа за нијанса посконцентрирани и на крајот стигнаа до голема победа во борбата за една од позициите кои водат во плеј-офот во континенталното натпреварување.

Шејн Ларкин со 26 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените залуден беше 31 поен на Даниел Хекет.

Се вчитува...