Анадолу Ефес влегува во трката за Филип Петрушев

Се поверојатно е дека Филип Петрушев кој беше одбран од страна на Филаделфија како 50. пик на овогодишниот НБА драфт и покрај интересот од најсилната кошаркарска лига, бар уште една сезона ќе настапува во Европа.

Најкорисниот играч на АБА лигата за минатата сезона притоа се соочува со „слатки маки“ бидејќи за неговиот потпис сериозно е заинтересиран Партизан кој ќе биде предводен од еден од најдобрите тренери во историјата, Жељко Обрадовиќ, но Србинот е на мета и на актуелниот шампион на Европа, Анадолу Ефес.

Турскиот тим во Петрушев гледа замена за Серташ Шанли кој кариерата ја продолжи во Барселона, а кошаркарот кој претходната сезона во АБА постигнуваше просек од 23.6 поени и 7.6 скока би требало да им се приклучи на Брајан Данстон и Тибор Плајс во битката под обрачите.

Се вчитува...