Анализа на „ESPN“: Замислете го Роналдо во Скопје се бори за Мундијал…

Најпознатата спортска мрежа во светот „ESPN“ (И-ЕС-ПИ-ЕН) ги анализира возбудливите квалификации и најавуа највозбудлив и најдраматичен бараж во историјата. Некои репрезентации и големи играчи нема да го видат Мундијалот во Катар, но некои треба да одлучат дали ќе бидат дел од големата сцена.

Во фокусот е Кристијано Роналдо, кој можно е да не игра на Мундијалот, откако неговата селекција заврши како второпласирана во групата, позади Србија по поразот во последното коло во Лисабон.

Во март ќе се играат баражите, првпат во формат полуфинале и финале, а „ESPN“ ја спомена и Македонија.

„Самиот формат ќе донесе голема драма и напнатост. За неутралните спектакл, за навивачите на земјите кои се во бараж – нервоза. Во основа имаме три фајнл-фор турнири со по еден меч полуфинале и финале. Се е отворено, се е можно. Замислете финале Роналдо во Скопје игра против Макеоднија и се бори за Светско првенство“, наведува ESPN.

Ждрепката ќе биде на 26 ноември, а натпреварите се играат 24/25 и 28/29 март.

Се вчитува...