Анализа на „Јутарњи“: Кога Адеми го нема, Динамо е практично немоќен

Динамо вчера можеби изненадувачки загуби од Рапид Виена со 2:1 во Лигата на Европа. Хрватските медиуми се вртат кон играта на  „модрите“ и пишуваат дека не е истата како лани, и тоа од една причина – недостатокот на Аријан Адеми.

Јутарњи“ навлезе длабоко во анализа, и според бројките, се чини дека Адеми и тоа како недостасува на „модрите“. Тој не игра поради повреда која ја доби на дуелот со Германија за време на репрезентативниот настап во Скопје. Ќе паузира неколку месеци, можеби до пролет. Адеми беше на клупата вчера, но тоа не му помага на Динамо.

„Јасно е дека Динамо во Европа со Аријан Адеми и без него не е иста екипа. Веста дека Адеми го повреди зглобот во текот на натпреварот Македонија – Германија е означена како алармантна и тоа се покажува на теренот.

Кога се анализра, и статистиката покажува дека ситуацијата е јасна: Динамо вкупно во Европа одигра 89 натпревари, и славеше на 45, со 28 порази и 16 ремија, а само во групната фаза во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа, точно во 50 натпревари забележа 18 победи, осум ремија и 24 порази.

Без Адеми што поради повреда, што поради допинг паузата, „модрите“ одиграле 49 натпревари, славеле 16 пати, 11 пати ремизирале и 22 пати паднаа. Но, во групите од 22 натпревари без Адеми, само два пати победиле, 19 пати биле поразени и само еднаш одиграле нерешено“, пишува Јутарњи.

Целиот текст на Јутарњи на следниот ЛИНК.

Се вчитува...