АНАЛИЗА: Чудотворецот Раул, Арпад „Велики“ и кроткиот ракометен џин Лука…

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

1. Чудотворецот Раул Гонзалез

Вардар дефинитивно не би бил онаму каде што е сега да не е Раул Гонзалес. „Тивкиот генијалец“ од денеска го добива епитетот „чудотворец“, откако го одведе македонскиот првак на едно сосема друго ниво – во големото финале од Лигата на шампионите. „Маестро“ за забележување на детали и нивно „шминкање“ во текот на средбите, Раул одлично ги воочи негативностите на стартот, експресно ги отстрани.

А потоа, кога се влезе во 5-1 одбрана и се „наместија коцките“ – се функционираше беспрекорно, и нападот и одбраната. Впрочем, сите од редовите на Барселона гласно кажаа дека каталонците дале се од себе. Не беше Барса слаба, Вардар беше силен. И Раул ја доби битката со Чави Пасквал.

raul radost

2. Арпад „Велики“ Штербик

Дуелот на голманите Арпад Штербик и Гонзало Перез де Варгас заврши со триумф на „вардарецот“. По бројни израмнети, и двајцата имаа по 14 интервенции, но Штербик одбрани повеќе зицери и повеќе обиди во моментите кога Барселона се обидуваше да наметне ритам.

За да се стигне далеку во ЛШ мора да се има врвен голман, Вардар го има еден од најдобрите во светот – Арпад „Велики“ Штербик“.

3. Кога е најважно, тука е Лука Циндриќ

Во денешната најава го посочивме Циндриќ како „тивко момче кое стана ракометен џин“. Ова вечерва беше само доказ за големината на хрватскиот бек, кој дефинитивно сезонава се промовираше во еден од најдобрите играчи на својата позиција во Европа.

Тивок во поголемиот дел од мечот, Лука блесна кога беше најважно. Од последните четири гола на Вардар, три беа дело на Циндриќ, а четвртиот од пенал го постигна Чупиќ од пенал, по фаулот врз Циндриќ.

Големите се покажуваат кога е најтешко, па така Лука Циндриќ го зеде клучниот шут – и погоди – и Вардар е во финалето.

Се вчитува...