Анчелоти амбициозен: Сакаме титула, за Реал не е успех пласман во полуфинале во ЛШ!

Карло Анчелоти, менаџерот на Реал Мадрид, истакна дека Реал Мадрид не се задоволува само со полуфинале во Лигата на шампионите, зашто после 13 европски круни од најтрофејниот европски клуб се очекува нов трофеј во пресрет на првото полуфинале во Лигата на шампионите со Манчестер сити.

Анчелоти посочи денеска пред мечот со „граѓаните“ дека никој во Европа не очекувал ваков расплет на сезоната во завршницата од Лигата на шампионите.

„Има два тима на кои никој не ни помислуваше дека може да дојдат до полуфинале – Вилјареал и Реал Мадрид. Но, самиот пласман во полуфинале за клуб како Реал не е успех, ниту е доволно. Ние сакаме финале и титула, тоа е целта“, рече Анчелоти.

Италијанецот посочи дека притисокот е еднаков и за двата тима, зашто влогот е голем и ниту еден од двата ривали не може да посочи дека има помал или поголем притисок.

„Ова се нови 180 минути, среќен сум зашто сме близу до финале, но истовремено и загрижен бидејќи се соочуваме со исклучителен тим. И ние веќе во ЛШ имавме противници кои ги сметаа за фаворити, како ПСЖ или Челси. Така да утре ќе играме за своја душа, ќе се бориме и ќе дадеме сто отсто од себе“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...