Анчелоти добива шанса до Божиќ во Наполи

Италијанскиот калчолигаш Наполи е во голема криза, но претседателот Аурелио де Лаурентис нема да носи избрзана одлука околу евентуалната промена на тренерската позиција. Карло Анчелоти ќе добие шанса до Божиќ да ги подобри резултатите со тимот, иако медиумите на Апенините најавуваат дека Масимилијано Алегри би можел да пристигне во Неапол.

Првиот човек на Наполи им одреди финансиски казни на фудбалерите, а парично ќе биде казнет и Карло Анчелоти кој има годишна плата од 6 милиони евра.

Наполи в среда го очекува гостување кај европскиот првак Ливерпул на „Енфилд Роуд“, а во моментот е на втората позиција во групата. Во Калчото играат послабо од очекувањата и имаат 15 бода заостанување зад лидерот Јувентус.

Се вчитува...