Анчелоти донесе одлука, време е за промени во нападот!

Вчерашното реми помеѓу Реал и Хетафе, покрај одличната игра на домашниот тим и лошата одбрана на Мадрид, го одбележа и Винисиус Жуниор. Младиот Бразилец влезе во игра во 59. минута, на местото на Азар и се покажа како најдобар играч на теренот.

Винисиус ги оправда очекувањата на Анчелоти, можеби и ги надмина. Откако влезе на теренот, тој постигна два гола на вчерашниот натпревар, прво во 73. минута, а потоа во 85. минута постигна особено атрактивен гол.

По две кола од Ла Лига, Бразилецот постигна три гола. Сосема логично и очекувано, Карло по натпреварот изјави дека Винисиус може да заслужи повеќе минути од следниот натпревар.

„Тој постигна три гола на два натпревари. Ме импресионира, треба да биде стартет од следниот натпревар”, изјави тренерот на Реал.

„Кралевите“ следниот натпревар, ќе го одиграат со Бетис на гости, на 28 август.

Се вчитува...