Анчелоти е лут на своите фудбалери: Проблемот не е во квалитетот, проблемот се крие на друго место

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не е комплетно задоволен и покрај тоа што неговите фудбалери постигнаа пет гола на првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ по пауза од 18 месеци, пред се поради фактот што неговиот тим прими два гола и имаше негатива на полувремето.

Селта Виго успеа да го добие првото полувреме со резултат од 1:2, но Реал имаше одличен одговор во вториот дел, кој сепак не го направи Дон Карло да биде комплетно задоволен од целосното издание на тимот.

„Мора да се подобриме во одбрана и да не дозволуваме вакви ситуации. Ни се искомплицира натпреварот уште од почетокот, не смееме да подаруваме такви топки во одбрана за противникот. Мора да имаме подобар баланс во одбраната и да има поголема жртва од играчите кои играат и во нападот. Зборувам за тоа што не го направивме добро и сакам да го истакнам. Проблемот не е во квалитетот, проблемот се крие на друго место и во пожртвуваноста. Тоа ни недостасуваше во еден дел од мечот“, изјави Анчелоти, кој пак е презадоволен од играта во напад.

Се вчитува...