Анчелоти: Елмас? Фудбалер кој ни носи значаен квалитет и динамика…

Иако, како што самиот нагласи, не сака многу да зборува поединечно за ефектот во играта на своите фудбалери, тренерот на Наполи, Карло Анчелоти на прес-конференцијата по вчерашната победа на неговиот тим против Сампдорија не го криеше задоволството од играта на Елиф Елмас.

Македонскиот репрезентативец за првпат ја доби довербата на Анчелоти да стартува натпревар во Серија А. И, максимално ја оправда…

„Елмас? Тој е фудбалер кој ни носи значаен квалитет и динамика во играта. Мора да кажам дека имаме малку тренинг проблеми, но тоа е позитивна работа“ – одговори Анчелоти на прашањето како ја оценува играта на Елиф Елмас.

А, Елмас од страна на италијанските медиуми ја доби највисоката оценка во составот на Наполи, издвојувајќи го и како играч на натпреварот заедно со стрелецот на двата гола Дрес Мертенс.

Се вчитува...