Анчелоти: Елмас ќе биде дополнителен квалитет во средниот ред

Елиф Елмас потпиша петгодишен договор со Наполи, а го имаше веднаш и своето деби на пријателскиот меч со Кремонезе. Тренерот Карло Анчелоти е уверен дека тој ќе биде одлично засилување за неговиот тим.

“Елмас ќе донесе дополнителен квалитет во нашиот среден ред. Се работи за модерен фудбалер кој ќе значи многу во тимот кој е веќе изграден и квалитетен. Најважно за нас е што тој среќен во клубот”, изјави легендарниот стратег на Наполи, Карло Анчелоти.

Се вчитува...