Анчелоти: „Енфилд“ е фантастичен стадион, но ние ќе имаме 40 милиони навивачи зад нас

Ливерпул и Наполи ќе ги одмерат вечерва силите во најинтересниот натпревар од последното коло во Лигата на шампионите, меч на кој „наполитанците“ би можеле дури и со пораз од еден разлика (доколку постигнат најмалку еден гол) да се пласираат во осминафиналето од елитното европско натпреварување. Ова е јасна најава дека Ливерпул од самиот старт ќе тргне во офанзива, но Карло Анчелоти е убеден дека неговите избраници нема да се исплашат ниту од противникот, ниту од атмосферата на „Енфилд роуд“.

„Сите знаат дека тоа е фантастичен стадион, атмосферата што се создава е една од најдобрите во светот. Тоа не значи дека ние ќе се исплашиме, напротив, чувствувам дека сме подготвени да го покажеме нашето најдобро издание токму на еден ваков жежок терен. Воопшто не стравувам од ментален колапс, знам дека играњето на ваков стадион е само мотив повеќе за моите играчи. Впрочем, ние ќе имаме 3.000 навивачи на „Енфилд“, а ќе ја чувствуваме и поддршката од 40 милиони фанови од целиот свет“ – истакна Анчелоти.

Симоне Верди е единствениот фудбалер на кој тренерот на Наполи не може да смета за вечерашниот натпревар.

 

Се вчитува...