Наполи не успеа да ја прекине серијата без победа откако едвај стигна до бод против Удинезе, но Карло Анчелоти е оптимист дека наскоро „наполитанците“ конечно ќе влезат во победнички ритам. Воедно, трофејниот стратег истакна дека не верува во новинарските шпекулации дека најблиску до клупата на Наполи во моментов се наоѓа неговиот поранешен фудбалер од Милан, Џенаро Гатусо.
„Гатузо ми е како брат, не верувам дека ќе ме замени. Не сме зборувале во последно време, така што го немам прашано дали гласините се точни. Сепак, не верувам во тоа, бидејќи верувам во она што го говори претседателот Де Лаурентис, а тој вели дека има доверба во мене. Не ни помислувам да си дадам оставка, искуството од минатото ме учи дека колку е кризата поголема, толку подобар ќе изгледа тимот кога ќе излезе од неа“ – вели Анчелоти.
Наполи веќе во вторник го очекува клучниот натпревар од Лигата на шампионите, на домашен терен со Генк, а во следното коло од Калчо-лигата тимот на Елиф Елмас ќе ја пречека Парма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА