Анчелоти ги чува „ѕвездите“ за ЛШ: Реал без тројца клучни играчи против Кадиз

Реал Мадрид веќе го осигура шампионскиот трофеј во Примера Дивизион, па Карло Анчелоти може да си дозволи поголеми ротации во завршницата од сезоната, особено во ситуација во која „кралевите“ на 28 мај ги очекува финалето од Лигата на Шампионите против Ливерпул.

Шпанскиот првак утре му гостува на Кадиз, тим кому бодовите му се многу важни во борбата за опстанок, а Анчелоти реши на овој меч да не ги повика тројцата стандардни првотимци, голманот Куртоа и напаѓачите Винисиус и Бензема.

„Мислам дека на Бензема му треба одмор, го заслужи тоа по сите овие одлични партии. Му дадов два слободни дена и нема да игра со Кадиз. Нема да играат ниту Винисиус и Куртоа, кои исто така добија одмор. Не станува збор за повреди, од вторник ќе се вратат на тренинзи“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...