Анчелоти ги израдува фановите на Реал и Хрватска: Не е сериозна повредата на Модриќ

Фудбалската јавност на Хрватска трепереше 24 часа откако шпанските медиуми објавија дека првата ѕвезда на „коцкестите“ Лука Модриќ има повреда на адукторот, па неизвесно е колку ќе паузира, а сигурно е дека ќе го скокне утрешниот меч со Леванте во Ла Лига.

Сепак, тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти ги израдува Хрватите, но и фановите на Реал откако објави дека повредата на Модриќ не е ништо сериозно и дека би требало да биде подготвен фудбалерот за врска за пресметката со Бетис идниот викенд во третото коло, пред паузата за репрезентативните мундијалски квалификации.

„Модриќ на последниот тренинг почувствува мал проблем, сега точно не можам да кажам со сигурност дека ќе игра со Бетис, ама мислам дека ќе игра зашто не станува збор за нешто сериозно“, објави Анчелоти.

Во Хрватска и на селекторот Златко Далиќ им олесна после ваквите информации, зашто „коцкестите“ во периодот од 1 до 7 септември ги чекааат три исклучително тешки пресметки во битката за место на СП во Катар догодина, со Русија, Словачка и Словенија.

Се вчитува...