Анчелоти го менува Наполи со Тотенхем

Карло Анчелоти е главен фаворит во трката за нов стратег на Тотенхем откако денеска беше обелоденето дека Маурицио Покетино се наоѓа пред заминување од клупата на „спарси“. Лондонскиот клуб ланската сезона стигна до финалето од Лигата на шампионите, но сезонава игра катастрофално, по 12 кола наоѓајќи се на 14. позиција со само 14 освоени бода.

Покетино веќе ја нема поддршката на фудбалерите и управата и само прашање на време е кога ќе си замине, што се поклопува со турбулентниот период на Анчелоти во Наполи. Имено, трофејниот стручњак е во конфликт со претседателот Де Лаурентис, се најавуваше дека му се подготвува отказ во Неапол, па многу лесно може да се случи тоа да се реализира во следните дваесетина дена, по што тој експресно би станал и достапен за Тотенхем.

Анчелоти има искуство во Премиер-лигата, своевремено го предводеше тимот на Челси со кој успеа да стигне и до титулата во елитното англиско фудбалско друштво.

Се вчитува...