Анчелоти го поздрави доаѓањето на Роналдо во Серија А

Карло Анчелоти одлучи да го преземе составот на Наполи, а неговиот поранешен адут од периодот во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, го засили Јувентус. Ќе биде навистина многу возбудливо во новата сезона од Серија А.

„Роналдо во Серија А? Тоа секако е голема придобивка за италијанскиот фудбал. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата дојде во Италија. Јувентус е наш ривал за титулата, но сигурно дека тоа ќе биде голем мотив и за Наполи во претстојното првенство“, изјави Карло Анчелоти.

Роналдо за сума од 105 милиони евра направи мегатрансфер од Реал Мадрид во Јувентус, а со „старата дама“ ќе потпише договор на четири години.

Се вчитува...