Анчелоти го враќа Елмас во првиот тим против Лече

Елиф Елмас повторно ќе биде стартер за Наполи на неделниот дуел со Лече, откако македонскиот ас остави одличен впечаток врз тренерот Карло Анчелоти и целокупниот стручен штаб по трансферот од Фенербахче. Тој беше стартер во минатото коло против Сампдорија, покажувајќи добра игра, по што влезе во игра во второто полувреме од мечот со Ливерпул во ЛШ.

Карло Анчелоти е свесен дека ќе мора што повеќе да го изротира тимот во ситуација кога во следните 15 дена ќе мора да игра пет натпревари, а еден од оние кои ќе имаат најголема полза од ротациите е токму Елмас. Медиумите од Неапол јавуваат дека Македонецот е сигурен стартер против Лече, и тоа најверојатно на местото на Фабијан Руиз, кој ќе добие заслужен одмор.

Ова значи дека Елмас ќе има и нешто поофанзивна улога во однос на претходниот дуел со Сампдорија, кога во средниот ред го менуваше Бразилецот Алан.

Се вчитува...