Анчелоти го знае рецептот за спас на фудбалот: Воведете „селери-кеп“, дајте им на слабите шанса

Мега-проектот за формирање на фудбалска Суперлига пропадна, но сите освен навивачите се сложни дека на фудбалот му требаат промени. Какви треба да бидат истите никој не знае, но сите имаат идеи. Идеја има и Карло Анчелоти, легендарниот тренер кој вели дека воведувањето на „селери-кеп“ како што е случајот во НБА лигата со што би се лимитирал буџетот на тимовите би било едно од решенијата.

„’Селери-кеп’ значи помалку пари за тренерите и играчите, но мораме да пробаме барем малку да биде изедначено. Мислам дека тоа е добра идеја, тоа би можело да биде едно од решенијата. Можеби има и други, но сега е времето да говориме за тоа. Ја реформиравме Лигата на Шампионите со таа цел, да биде изедначена. Сега „големите“ натпревари се играат само од март до мај. Два месеца, од осминафиналето. Во групната фаза првиот и вториот се одлучени по само три кола. Сега ќе биде поинтересно, но мислам дека може уште подобро“, изјави Анчелоти.

Притоа тренерот на Евертон своите погледи ги упати и кон изедначеноста на Премиерлигата оваа сезона и верува дека на помалите клубови мора да им се даде поголема шанса.

„Оваа сезона во Премиерлигата е навистина изедначена, натпреварувачка, многу тимови се борат за четвртата позиција. Само трката за прво место е одлучена. Тоа е добро, треба да биде интересно, но дали Премиерлигата може да биде поизедначена, дали ЛШ може да биде поизедначена? Јас велам да. Отворете дискусија со клубовите, УЕФА, ФИФА, фудбалерите, тренерите и пробајте да најдете решение. Слабите тимови мораат да бидат посилни. Тоа е тоа. Дајте им повеќе сила на слабите“, продолжи стратегот па додаде:

„Тимовите при дното на табелата или оние кои се на деветата, десетата позиција мораат да бидат попредизвикувачки за оние од врвот“

Се вчитува...