Анчелоти: Голот на Инсиње падна во вистински момент

Наполи успеа да го совлада Ливерпул со 1-0, со погодок во последните моменти од мечот. Лоренцо Инсиње успеа да ја затресе мрежата на англискиот тим во 90.минута од средбата, а тренерот Карло Анчелоти вели дека тоа бил вистинскиот момент.

„Имавме шанси да го отвориме резултатот и претходно, но мислам дека голот на Инсиње падна во вистински момент. Ако Мертенс погодеше неколку минути пред тоа, можеби и ќе примевме гол. Овој триумф не остава во борба за првите позиции во групата. Наполи покажа дека располага со голем квалитет, го совладавме вицепрвакот на Европа. Продолжуваме понатаму напорно да работиме“, изјави тренерот на „наполитанците“, Карло Анчелоти.

Се вчитува...