Анчелоти: Имаме доволно квалитет за да го елиминираме Манчестер Сити

Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе одиграат нов елиминациски натпревар во Лигата на Шампионите. Шпанскиот и англискиот тим се среќаваат трет пат во низа во разигрувањето за титула, а претходните две сезони завршија со половичен успех во полуфиналните средби.

Пред натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ за медиумите говореше Карло Анчелоти кој се осврна на клучните аспекти кои ќе го одлучат победникот.

„Најважно е да одиграме добар натпревар. Психолошкиот аспект е многу важен, тоа што ќе го покажеме на теренот е многу важно. Имавме доволно време да се подготвивме за овој натпревар и мислам дека добро си ја завршивме задачата. Имам доверба во моите играчи и мислам дека ќе дадат се од себе во секој аспект потребен да се одигра добар натпревар – ментално, физички и технички. Имаме доволно квалитет за утрешниот натпревар.

Мислам дека сме подобри од нив во некои аспекти. Верувам дека и тие го имаат истото мислење. Но, ќе видиме како ќе изгледа се тоа на терен. Тој кој ќе изгледа подобро на теренот тој ќе победи. Претходната година одигравме реванш без карактер. Храброста и менталитетот се клучни за вакви натпревари, а нам ни недостасуваа во тој реванш“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...